Битола

Битола е град во југозападниот дел на Македонија, административен, културен, економски, индустриски, образовен и научен центар за тој дел од земјата. Битола е втор по големина град во Македонија според бројот на жители.

На 30 мај 2013 година е формиран Локален Економско – социјален совет на Битола. Спогодбата ја потпишаа градоначалниот на Битола Владимир Талески, директорот на УСАИД Роберт Вурт, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на КСС Мирјана Андреска и Димитар Стојановски од Организацијата на работодавачи на Македонија.

Посебна карактеритика на локалниот економско-социјален совет е проширениот состав и со претставници од невладините организации, а посебно младинските организации, занаетчиски комори, претставници на стопанственици и  стопанската комора, претставници на високото образование и универзитетот и други субјекти.

Локалниот Економско-социјален треба да биде одговор на предизвиците наметнати од кризата и да биде фокусиран особено на креирање на нови работни места за младите.

Освен претставниците на општината, членовите на ЛЕСС ќе вклучат претставници на работодавачите, работниците, агенциите за вработување, образовниот сектор, како и граѓанското општество.

Повеќе