Гази Баба

Општина Гази Баба се наоѓа во северниот дел на Р. Македонија и се простира во источниот дел од скопската котлина и градот Скопје.

На 1 ноември 2013 година во просториите на Општина Гази Баба е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Спогодбата ја потпишаа градоначалникот на општината Тони Трајковски, претседателот на ССМ д-р Живко Митревски, претседателот на ОРМ Ангел Димитров и Зоран Антовски од страна на Конфедерацијата на слободни синдикати.

Гази Баба е прва скопска општина каде се формира ЛЕСС, кој е дополнителен стратешки елемент што ќе влијае врз секојдневниот живот, особено од аспект на програмите за преквалификација и доквалификација, зголемување на вработеноста, посебно кај младите луѓе.

Повеќе

Новости