Гостивар

Гостивар е град во Западна Македонија, во јужниот дел на Полошката котлина. Градот претставува административна, политичка, деловна и културна средина за околу осумдесетина илјади жители. Градот претставува типична мултикултурна средина, во која живеат скоро сите националности во Македонија.

На 30 септември 2013 година во Гостивар е потпишана Спогодба за формирање Локален економско – социјален совет. Истакнато е дека советот ќе биде посебно насочен кон поврзувањето на пазарот на трудот и младите невработени луѓе.

Спогодбата ја потпишаа Локалната самоуправа, ССМ, КСС и ОРМ. Од страна на локалната самоуправа Спогодбата за потпиша градоначалникот на Гостивар г. Невзад Бејта, а од страна на ССМ претседателот д-р Живко Митревски.

Во рамки на ЛЕСС социјалните партнери преку овој институционален механизам ќе ги поттикнат сите прашања од локален карактер: локалната економија, потребите на пазарот на трудот, развој на бизнис климата, усогласување на потребите на образованието итн.
Исто така беше истакнато дека формирањето на ЛЕСС дава перспектива за внесување на нови елементи во креирањето на социјалниот дијалог на локално ниво, слично како што беше направено и на национално ниво.

Повеќе