Град Скопје

Скопје е главен и најголем град во Македонија, кој воедно претставува административно-политички, стопански, културен и образовно-научен центар. Се наоѓа во северниот дел на Македонија, распространет на бреговите на реката Вардар.

Спогодбата за основање ЛЕСС Скопје ја потпишаа градоначалникот на Скопје Коце Трајановски, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија Ангел Димитров и В.Д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Виолетка Спасевска.

ЛЕСС на Скопје има за крајна цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Соработка меѓу локалната самоуправа и социјалните партнери е еден од правците на кои се заснова работењето на ЛЕСС, чија посебна цел е наоѓање начини за полесно вработување на младите.

Формирањето ЛЕСС на град Скопје е успех во остварувањето на заедничките цели на социјалните партнери, како и на организацијата “УСАИД“, која активно партиципира во основањето на неколку ЛЕСС во Република Македонија.

Повеќе