Кичево

Кичево е град сместен во средишниот дел на Западна Македонија. Градот лежи во Кичевската котлина под југоисточните падини на планината Бистра.

Локалниот економско-социјалниот совет – (ЛЕСС) на општина Кичево е формиран во на 27 јуни 2016 година како заедничко советодавно и консултативно тело на општина во кое членуваат претставници на општината и советот, преставници на репрезентативните работодавачи и синдикати.

 

Функцијата на ЛЕСС Кичево е воспоставување на дeмократски и социјален дијалог во функција на постигнување на траен и стабилен социјален мир и активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по најважните прашања од економско и социјално значење за развивање на локалната заедница, вклучително и прашањето за зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем, како и превенција и мирно решавање на работни и други конфликти во локалната заедница.

 

Локалниот Економско-социјален совет на општина Кичево разгледува прашања, дава мислења, предлози и препораки до Советот на општина Кичево и други тела, за прашања од економско-социјалната сфера.

 

Основањето на локалниот Економско-социјален совет во Кичево е во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).

Повеќе