Одржана Првата Конститутивна Седница на Локалниот Економско Социјален Совет на Општина Кичево/E mbajtur mbledhja e parë konstitutive e Këshillit Lokal Ekonomik Social të Komunës së Kërçovës

http://https://www.youtube.com/watch?v=Vrsh7RDXspI

На 10.01.2017 година во Салата на Советот на ЛЕСС, Општина Кичево се одржа Првата Конститутивна Седница на Локалниот Економско-Социјален Совет на Општина Кичево, во кој членуваат номинирани преставници од Општина Кичево , КСС, ССМ и ОРМ.

На оваа прва конститутивна седница беа избрани претседател, заменик претседател и секретар, за претседател беше избран Рамиз Реџепи претставник од Општина Кичево, за негов заменик Снежана Миноска од ОРМ и за секретар Дејан Илиоски од Одделението за Локален Економски Развој на Општина Кичево. На седницата беа верифицирани членовите  и беше разгледан и усвоен предлог деловникот за работа на ЛЕСС.

Рамиз Реџепи, од негово лично име се заблагодари за изборот и рече дека максимално ќе се трудат да ги извршуваат своите активности, транспаретно ќе работат и ќе дадат максимален придонес за подобар економско социјален дијалог во Општина Кичево.

Советот, како што информира претседателот Рамиз Реџепи, ќе има задача да ги следи состојбите, да разгледува прашања, завзема став, покренува иницијативи и препораки како и да предлага решенија, кои се однесуваат на подобрувањето на економско-социјалната положба на работниците и работодавачите во општината и дава свои мислења и предлози за креирање на локалната економска политика. ЛЕСС своите мислења, препораки, заклучоци и предлози треба да ги доставува до Советот на Општина Кичево и до други релеванти институции, како и до средствата за јавно информирање.

Со започнување на работата на овој Совет, Општината и сите институции кои се засегнати од прашањата за одржлив економски развој, заштита и унапредување на работничките права како и создавање подобра локална економска клима за унапредување на бизнисите, ќе имаат посветен сојузник и партнер во Локалниот економско-социјален совет, истакна секретарот Дејан Илиоски.

На седницата покрај преставниците од потписниците на Спогодбата за основање на ЛЕСС во Општина Кичево, присуствуваа и претставници од Агенцијата за вработување од Кичево, од Регионалната Комора и од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог“ како дел од Меѓународната организација на трудот, во чиј склоп се реализира и формирањето на шест локални економско социјални совети меѓу кои и кичевскиот.

http://https://www.youtube.com/watch?v=ow5Ma77e5ok

Dje, më dt. 10.01.2017, në zyrën e Këshillit të KLES, Komuna e Kërçovës, u mbajtë Mbledhja e parë konstitutive e Këshillit lokal ekonomik-social në Komunën e Kërçovës, në të cilin morrën pjesë përfaqësuesë të nominuar nga Komuna e Kërçovës, “KSS”, “SSM” dhe “ORM”.

Në këtë mbledhje të parë konstitutive ishin të zgjedhur kryetari, zëvendës kryetari dhe sekretari, ku për kryetar ishte i zgjedhur Ramiz Rexhepi, përfaqësues nga Komuna e Kërçovës, ndërsa për zëvendës të tij Snezhana Minoska, nga ORM dhe për sekretar Dejan Ilioski, nga Njësia për zhvillim ekonomik lokal në Komunën e Kërçovës. Në mbledhje ishin të verifikuar anëtarët dhe u shqyrtua dhe miratua Propozimrregullorja për punë e KLES.

Ramiz Rexhepi, në emrin e tij personal faleminderoi për zgjedhjen dhe tha se maksimalisht do të përpiqet që t’i kryejë të gjitha aktivitetet, në mënyrë transparente do të punojë dhe do të japë kontribut maksimal për dialog më të mirë ekonomik-social në Komunën e Kërçovës.

Këshilli, siç informoi kryetari Ramiz Rexhepi, do të ketë detyrë që ti ndjekë gjendjet, të shqyrtojë çështje, marrë qëndrim, të inicojë iniciativa dhe sugjerime, si dhe të propozojë zgjidhje, që kanë të bëjnë me përmirësimin e gjendjes ekonomiko-sociale të punëtorëve dhe punëdhënësve në komunë dhe të japë mendime të veta dhe propozime për krijim të politikës lokale ekonomike. KLES mendimet e veta, sugjerimet, konkluzionet dhe propozimet duhet t’i dorëzojë deri te Këshilli i Komunës së Kërçovës dhe te institucionet tjera relevante, si dhe deri te mjetet për informim publik.