ВО КИЧЕВО НА ВОЗВРАТЕНА СРЕДБА ЛОКАЛНИТЕ ЕКОНОМСКО-СОЦИЈАЛНИ СОВЕТИ ОД ОПШТИНИТЕ КУМАНОВО И СВЕТИ НИКОЛЕ / NË KËRÇOVË  NË TAKIMIN KTHYES KËSHILLAT LOKAL EKONOMIK SOCIAL TË KOMUNAVE KUMANOVË DHE SVETI NIKOLLË

Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево на 12 Јуни 2019 година, беше домаќин на средбата со локалните економско социјални совети на општините Куманово и Свети Николе, по реализираните посети од ЛЕСС – Кичево заедно со ЛЕСС – Струга на 10 јуни 2019 година во Свети Николе и на 11 јуни 2019 година во Куманово. На овие средби од локално значење како надворешен член присуствуваше и Регионалната комора со седиште во Кичево при Стопанската комора на Македонија

На средбите што ги организираше Меѓународната организација на трудот присуствуваа членови на советите кои се трипартитни, односно има пристапници од локалната самoуправа, од бизнис секторот и синдикатите.

Целта на средбите е размена на искуства, a се презентираa идни планови и насоки за работа, со цел подобрување на социо-економските состојби во општините.

Во дискусијата, како значајно за бизнис секторот се потенцираше недостатокот на стручен кадар и искуство во средното образование, особено во Општина Свети Николе, а се изрази и поддршка за дуалното образование.

Локалниот економско социјален совет од Општина Кичево, кој е формиран во 2016 година, ги презентираше активностите кои се реализирани и неговото функционирање.

Се дискутираше и за овластувањата и улогата на Локалниот економско социјален совет, за оперативниот процес, техничката и административната поддршка, буџетот на ЛЕСС, за процесот за давање мислења и препораки за подобрување на процесите.

Во иднина од средбите се очекува зголемена соработка и поголема ефективност и ефикасност и подобрување на состојбите.

Këshilli lokal ekonomik social i Komunës së Kërçovës ishte nikoqir i takimit me këshillat lokal ekonomik social të komunave Kumanovë dhe Sveti Nikollë, pas vizitave të realizuara të KLES – Kërçovë sëbashku me KLES Strugë, më dt. 10 qershor viti 2019 në Sveti Nikollë dhe më dt. 11 qershor viti 2019 në Kumanovë.
Në takimet që i organizoi Organizata ndërkombëtare e punës morrën pjesë anëtarët e këshillave që janë trepalëshe, gjegjësisht që kanë anëtarë nga vetëqeverisja lokale, nga sektori i biznesit dhe nga sindikatat.
Qëllimi i takimeve është shkëmbimi i përvojave, ndërsa u prezentuan plane të ardhshme dhe udhëzime për punë, me qëllim përmirësimin e gjendjeve socio-ekonomike në komunat.
Këshilli lokal ekonomik social i Komunës së Kërçovës, i cili ishte i formuar në vitin 2016, i prezantoi aktivitetet që janë të realizuara dhe funksionimin e tij.
U diskutua edhe për autorizimet dhe rolin e Këshillit lokal ekonomik social, për procesin operativ, përkrahjen teknike dhe operative, Buxhetin e KLES, për procesin e dhënies së mendimeve dhe sugjerimeve për përmirësimin e proceseve.
Takimet vazhdojnë edhe sot në KLES të Komunës së Strugës me prezantimin e aktiviteteve.
Në të ardhmen nga takimet pritet bashkëpunim dhe efikasitet më i lartë, si dhe përmirësim i gjendjeve.