Куманово

Градот е сместен во североисточниот дел на Република Македонија, на надморска височина од 340 метри, лоциран на самата крстосница на двата најзначајни коридори во земјата (Коридор 8 – Коридор 10). Според бројот на население, Куманово е најголема општина во Македонија со површина од 509,48 км2. Градот на непокорот и револуцијата, Куманово денес претставува вистински мултиетнички центар.

Основачката спогодба на Локалниот економско – социјален совет во Куманово е потпишана на 9 декември 2010 година.

Според Деловникот во ЛЕСС Куманово членуваа претставници од општинската администрација, Сојузот на синдикатите на Македонија, Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, Организацијата на работодавачи на Македонија, а по потреба се повикуваат претставници на невладини здруженија и организации, зависно од темата на расправа.

Економско – социјалниот совет во Куманово, со помош на УСАИД го издаде прирачникот “Водич за локален социјален дијалог“.

Повеќе

Новости