Ресен

Општината Ресен се наоѓа во Преспанската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија и опфаќа површина од 739 км2. Преспанскиот регион се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука може да се сретнат разновидни биотопи – езера, планина и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики.

На 28 јули 2015 г., се потпиша спогодбата за основање локален економско-социјален совет во Општина Ресен. ЛЕСС има консултативно-советодавна функција,  разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера. Потписници на спогодбата беа градоначалникот на Општина Ресен г. Ѓоко Стрезовски, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, г. Миле Бошков.

Основањето на локалниот економско-социјален совет во Ресен и опремувањето на секретаријатот со мебел и компјутерска опрема беа поддржани од проектот Унапредување на социјалниот дијалог што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Повеќе