Штип

Штип е град во источниот дел на Република Македонија по долината на реката Брегалница. Штип е седиште на Штипската Општина, центар на Источно-планскиот регион, и еден од најстарите градови во Македонија.

Во Штип на 5 февруари 2013 година, е одржана конститутивна седница на Локалниот Економско – социјален совет. Претходно, на 26 декември 2012 година, е потпишана Спогодба за основање локален ЕСС.

Примарна цел на советот е воспоставување врски меѓу невработените млади и работодавачите, беше кажано на седницата. Инаку основачкото собрание на Локалниот ЕСС се одржа на 26 декември 2012 година.

Во Локалниот ЕСС партиципираат три страни: по тројца претставници од локалната самоуправа, од работодавачите и од синдикатите. Од страна на синдикатите двајца претставници се од Сојузот на синдикатите на Македонија и еден од Конфедерацијата на слободни синдикати. Исто така во Советот ќе партиципираат претставници на агенциите за вработување, образованието, невладини организации и други интересни групи.

Повеќе