Свети Николе, 21 јуни 2016 – Тематска обука за родова еднаквост и недискриминација

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

Проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, организираше Работилницата за градење капацитет за родова еднаквост и недискриминација за Националниот и локалните економско-социјални совети. Работилницата се одржа на 21 јуни 2016 во Свети Николе.

Работилницата за градење капацитет е втора од осумте тематски обуки за членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети. Работилницата се фокусираше на инструментите на МОТ за недискриминација и еднаквост при вработување; македонскиот контекст и состојбата на жените на пазарот на трудот; како и на практиките за недискриминација и промовирање на еднаквоста. Работилницата ја водеа г-ѓа Силке Штајнхилбер, Специјалист од МОТ за работни услови и родова еднаквост, и г-ѓа Никица Мојсоска Блажевски, национален експерт.