Скопје, 12-16 септември 2016 г. – Тематска работилница за градење капацитет за управување со проектен циклус

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

Во рамките на проектот Унапредување на социајлниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а спроведуван од Меѓународната организација на трудот, во периодот од 12 до 16 септември 2016 г. се организираше четвртата од осумте тематски обуки за членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети.

Работилницата се фокусираше на анализата на почетната состојба, дефинирање на проект: цели и стратегија, дефинирање логичка рамка, управување со ризици, проектно буџетирање, следење и оценување на проектот. Работилницата за градење капацитет за управување со проектен циклус има за цел финансиско осамостојување на локалните економско-социјални совети.

Работилницата ја водеше г. Гијом Мерсие, од Меѓународниот центар за обука на МОТ од Торино.