Скопје, 22-23 ноември 2016 – Тематска обука за плати, вклучувајќи минимална плата, за членовите на националниот и локалните економско-социјални совети

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

На 22 и 23 ноември 2016 година во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира ЕУ, а го спроведува МОТ, беше организирана тематска обука за плати, вклучително и минимална плата, за членовите на Националниот и локалните економско-социјални совети.

Работилницата за градење капацитет е шеста од осумте тематски обуки за членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети. Работилницата се фокусираше на методологиите за утврдување плати, преговарање за плати, методологии за утврдување минимална плата, ефекти од минималната плата, односот меѓу платата и продуктивноста, со посебен осврт на земјите-членки на Европската Унија и Македонија. Работилницата ја водеа г. Франсоа Ејрод, поранешен специјалист на МОТ за индустриски односи и плати, и г-ѓа Никица Мојсоска-Блажевски, проф. по економија.