Свети Николе

Територијата на  Општина Свети Николе се поистоветува со познатата област “Овче Поле”, односно таа го зафаќа најголемиот простор на ова поле кое му припаѓа на сливот на Светиниколската река или “Азмак”, десна притока на Брегалница.

Целта на Локалниот економско-социјален совет во Свети Николе е да го унапреди социјалниот дијалог на регионално ниво, да разменува информации и мислења за важни економско-социјални прашања од интерес на општината, да предложува заеднички иницијативи, да го зајакне колективното договарање на ниво на институции и претпријатија, да учестува во креирањето на законодавството и други акти и да го следи влијанието на донесените политики.

Потписници на спогодбата беа градоначалникот на Општина Свети Николе г. Зоран Тасев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски.

Основањето на локалниот економско-социјален совет во Свети Николе и опремувањето на секретаријатот со мебел и компјутерска опрема беше поддржано од проектот Унапредување на социјалниот дијалог кој го финансира Европската Унија а го спроведува Меѓународната организација на трудот. Ова е третиот локален економско-социјален совет основан во рамките на проектот.

Повеќе