Тетово

Тетово е град во Северозападна Македонија, на падините на Шар Планина, односно во долната Полошката котлина. Тетово е град со богата иcторија, населен со повеќе етнички заедници.

Локалниот Економско – социјален совет во Тетово е конституиран на 24 август 2012 година. Истиот ден е потпишана Спогодба за основање и потоа се одржа Првата конститутивна седница на Локалниот ЕСС.

Потписници на Спогодбата се градоначалникот на Општина Тетово д-р Сади Беџети, претседателот на Организацијата на работодавачи на Република Македонија Ангел Димитров, претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија д-р Живко Митревски и претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати Раско Мишкоски.

Локалниот Економско – социјален совет има консултативно – советодавна функција, разгледува различни прашања од економскиот и социјалниот живот, дава свои мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и до другите органи. Посебно значење му се придава на прашањето на вработувањето на младите и зајакнувањето на врските меѓу пазарот на трудот и соодветното образование на младите.

Повеќе