ЛЕСС на општина Велес

Спогодбата за основање локален економско-социјален совет во Општина Велес се потпиша на 26 август 2015 година. Потписници на спогодбата беа градоначалникот на Општина Велес г. Славчо Чадиев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров, претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски и претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, г. Миле Бошков. Сите потписници ја истакнаа важноста на Локалниот економско-социјален совет во однос на остварување ефикасен и ефективен социјален дијалог, како и во однос на придонесот кон економско-социјалниот развој на општината.

Основањето на локалниот економско-социјален совет во Велес и опремувањето на секретаријатот со мебел и компјутерска опрема беа поддржани од проектот Унапредување на социјалниот дијалог што го финансира Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот.

Новости

Календар на настани

<< Apr 2024 >>
MonTueWedThuFriSatSun
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5