Велес, 16 мај 2016 – Работилница за градење капацитет за релевантните меѓународни стандарди за трудот за Националниот и локалните економско-социјални совети

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

На 16 мај 2016 г. во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог беше организирана работилница за Националниот и локалните економско-социјални совети, на тема меѓународни стандарди за трудот.

Работилницата беше прва од осумте тематски обуки, кои имаат за цел градење капацитет на членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети, за темите од нивниот делокруг на работа. Првата тематска обука ги опфаќаше меѓународните стандарди за трудот – слобода на здружување, колективно договарање, агенции за привремено вработување, и работни односи. Работилницата ја водеа г-ѓа Кристина Михеш, Виш специјалист од МОТ за социјален дијалог и трудово право, и г. Александар Иафаев, поранешен специјалист на МОТ за меѓународни стандарди на трудот.