Ресен, 26-27 октомври 2016 – Работилница за градење капацитет за макроекономија, вклучувајќи неформална економија

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

На 26 и 27 октомври 2016 година се одржа работилница за градење капацитет за макроекономија, вклучувајќи неформална економија.  Работилницата за градење капацитет е петта од осумте тематски обуки за членовите на постојаните комисии и секретаријатите од националниот и локалните економско-социјални совети. Работилницата ги опфаќаше следните теми: макроекономски променливи, клучни индикатори за пазарот на трудот, пазарот на стоки, улогата на надворешната трговија, економски раст и вработување, неформална економија и нејзината улога во современите економии, макроекономска политика за лицата што сега работат во неформалниот сектор, со посебно внимание на македонската економија. Работилницата ја водеа г. Густаво Риналди, проф. по макроекономија на Универзитетот во Торино, и г-ѓа Никица Мојсоска-Блажевски, проф. по економија и поранешен раководител на Секторот за макроекономија, при Министерството за финансии.

http://daily.mk/vesti/rabotilnica-gradenje-kapacitetite-lokalnite-ekonomsko-socijalni-3