Струга, 28-30 јуни 2016 – Работилница за градење капацитет за политики за вработување за Националниот и локалните економско-социјални совети

  • Објавено од: ladmin - 20-12-2016

Од 28 до 30 јуни 2016 во рамките на проектот за Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира ЕУ, а го спроведува МОТ,  се организираше работилница за градење капацитет за политики за вработување која е трета од осумте тематски обуки за националниот и локалните економско-социјални совети.

На работилницата се разработуваа следните теми: клучните чекори во процесот на развој на политики за вработување, (анализа на состојбата, идентификување на проблемот, политички опции, концепт на политиката, спроведување, следење и процена); разгледување на областите од политиките што најмногу влијаат на вработувањето и начините како да се осигури кохерентност на политиката; и дискусија за конзистентноста на целите за вработувањето, распределба на ресурсите, планови и механизми за следење и процена.

Работилницата ја водеше г-ѓа Вали Корбанезе, меѓународен експерт за политики за вработување.