ЛЕСС на општина Битола

ЛЕСС на општина Битола е формиран на 30 мај 2013 година. Во составот на ЛЕСС Битола се вклучени по четири претставници од локалната самоуправа, репрезентативни синдикати и ОРМ. Покрај нив во работата на овој ЛЕСС учествуваат и АВРСМ – Центар за вработување на Битола, како и претставници од локални невладини организации, претставници на стопанственици и стопанската комора, претставници на високото образование и универзитетот и други субјекти. По потреба во работата на ЛЕСС Битола се вклучуваат и други заинтересирани локални субјекти.

Во ЛЕСС на општина Битола членуваат Градоначалничката на општината како и двајца советници (членови на Советот на општината). ЛЕСС Битола има свој секретар кој е член на ЛЕСС од редовите на општинската администрација. Во почетокот од неговото формирање ЛЕСС Битола со подршка на Проектот ЈЕС Мрежа има изработено свој Стратешки План, како и Стратегија за ЛЕР на општината, која е усвоена од страна на Советот на општина Битола. Исто така во периодот од 2013 до 2017 година ЛЕСС Битола има реализирано неколку настани и трибини кои биле дел од проектни активности. По 2017 година ЛЕСС Битола немал активности, но повторо се активира во 2019 година. Имено на 15 Април 2019 година, одржана е седница на ЛЕСС со новото членство на која бил избран Претседавач на ЛЕСС, негов заменик и секретар. Па така за Преседавач на ЛЕСС е избрана Градоначалничката на општината, а за нејзин заменик претставник од ОРМ. Она што го издвојува овој ЛЕСС од другите е фактот што ЛЕСС на општина Битола е дел од проектот „Унапредување на социјалниот дијалог во заедницата“ поддржан од Меѓународниот центар Улоф Палме од Шведска, кој е имплементиран од локална невладина организација (НВО) Младински културен центар.

Целта на овој проект е да ги поддржи локалните актери во процесот на зајакнување и развој на ЛЕСС на Општина Битола. Во рамките на овој проект, досега биле одржани две активности и тоа презентација на Законот за практиканство како и Форум на зедницата со цел да се генерираат идеи и приоритети за работа ЛЕСС Битола со сите зинтересирани страни на локално ниво. Имено врз основа на овој Форум изработен е Акциски План за работа на ЛЕСС Битола за периодот 2019-2022 кој е презентиран и усвоен од Советот на општината. Врз основа на Акцискиот План ќе се изработи годишна програма за работа на ЛЕСС Битола. ЛЕСС Битола има свој буџет кој до сега не бил искористен, но во иднина очекуваат дека со интензивирање на активностите на ЛЕСС да се зголеми и буџетот и неговата искористеност. Дополнително, во јуни 2020 година, под водство на ЛЕСС на Општина Битола, започна да се реализира првото Локално партнерство за вработување во земјата, во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, проект финансиран од Европската Унија.

Новости

Календар на настани

<< Oct 2021 >>
MonTueWedThuFriSatSun
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31