Започнување со Битола Старт-ап програмата

Битола Старт-ап програмата официјално започна на 20 октомври 2020 во просториите на Факултетот за информатички и комуникациски технологии, каде што е сместен Стартап центарот.

Битола Стартап е првото локално партнерство за вработување кое се спроведува во рамките на проектот на Меѓународната организација на трудот, Зајакнување на социјалниот дијалог, со финасиска поддршка од Европска Унија.

Планираните активности предвидуваат:

➢ Стартап програма која ќе ти обезбеди менторски услуги за развој на бизнис идеи и финасиска поддршка за започнување на бизнис (програма во реализација на ПРЕДА плус Фондација)
➢ Саем на кариера кој што ќе овозможи поврзување на компаниите со барателите на работа (во реализација на Младински културен центар-Битола)
➢ Програма за развој на ИТ вештини која ќе понуди обуки за практични ИТ вештини за директно вработување во ИТ секторот (во реализација на Интерворкс Едукативен Центар)
Под водсво на Локалниот економско-социјален совет на Општина Битола, партнерите (Младински културен центар-Битола; Фондација за одржлив економски развој ПРЕДА плус; Техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“; Регионална Комора Битола; Агенција за вработување Битола; Интерворкс Едукативен Центар – Битола; Универзитет „Св. Климент Охридски“) ќе  спроведат активности  за поголема вработливост во Пелагонискиот Регион, промовирање на екосистем за стартапи и поддршка на претприемништвото.
По официјалниот дел се одржа првата сесија во рамките на Стартап програмата на која се презентираа избраните бизнис идеи.
Преку онлајн апликацијата вкупно пристигнаа 56 бизнис идеи. Комисијата за евалуација на пристигнатите идеи, ги избра најдобрите 20 бизнис идеи кои ќе бидат вклучени во програмата, следејќи неколку основни критериуми: иновативност, профитабилност и изводливост на аплицираните бизнис идеи. Стартап програмата во период од 3 месеци ќе понуди менторски услуги за креирање на бизнис модели; тренинзи од еминентни професионалци од македонскиот стартап екосистем за водење на бизнис; можност за вмрежување со бизнис заедницата; презентација на бизнис идеите пред потенцијални инвеститори и финсиска поддршка за најуспешните бизнис идеи. Вкупната вредност на финансиската поддршка што ќе биде распределена на најдобрите бизниси во оваа грантова шема изнесува 740.000 денари.

Во склоп на Битола Стартап центарот се планира реализација на уште една стартап програма во периодот февруари – април 2021.