Виртуелна средба за вмрежување на Локалните економско-социјални совети

На 28 септември 2021г. се одржа виртуелна средба за вмрежување на Локалните економско-социјални совети, корисници на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, на која се презентираа главните наоди од дијагностиките на локалниот пазар на труд за секоја од општините, и се разгледаа идните чекори за реализација на дадените препораки. Презентацијата на оваа тема ја водеа г-а Даниела Ѕампини, Виш специјалист на МОТ за вработување, и г-а Благица Петрески од ФајнансТинк.

Повеќе информации околу дијагностиките, методологијата, структурите на пазарот, како и заклучоците и препораките за пазарот на трудот во 9 општини може да ги најдете на следниот линк: https://socijalendijalog.mk/wp-content/uploads/2021/10/Briefs-Dijagnostiki.pdf