ЛЕСС на општина Кичево

Локалниот економско-социјалниот совет – (ЛЕСС) на општина Кичево е формиран на 27 јуни 2016 година како заедничко советодавно и консултативно тело на Општина Кичево, основано од oпштина Кичево, Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија – Синдикална канцеларија Кичево и Конфедерација на слободни синдикати на Македонија, во рамките на проектот Унапредување на социјалниот дијалог, кој го финансира Европската Унија (ЕУ), а го спроведува Меѓународната организација на трудот (МОТ).
Функцијата на ЛЕСС Кичево е воспоставување на дeмократски и социјален дијалог во функција на постигнување на траен и стабилен социјален мир и активно вклучување на сите социјални партнери во процесот на одлучување по најважните прашања од економско и социјално значење за развивање на локалната заедница, вклучително и прашањето за зајакнување на суштинските врски помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем, како и превенција и мирно решавање на работни и други конфликти во локалната заедница.
Локалниот Економско-социјален совет на општина Кичево разгледува прашања, дава мислења, предлози и препораки до Советот на општина Кичево и други тела, за прашања од економско-социјалната сфера.
Предлог Акцискиот план на ЛЕСС-от за 2017 година е подготвен од членовите на ЛЕСС Кичево како платформа во која се опишани активностите кои треба да ги реализира во тековната 2017 година. Вкупниот буџет на овој акционен план изнесува 684.278,00 МКД.
Претставниците на ЛЕСС на Општина Кичево издвоија три стратешки цели и дефинираа сет на активности неопходни за остварување на поставените цели и неопходни за функционирање на советот и тоа:

  1. Подобрување на условите за развој на бизнисот и намалување на вработеноста, со посебен фокус на младите во Кичево
  2. Подигнување на квалитетот на формалното и неформалното образованието
  3. Јакнење на капацитетите на ЛЕСС Кичево и подобрување на видливоста и препознатливоста.

Новости

Календар на настани

<< Dec 2021 >>
MonTueWedThuFriSatSun
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2