ЛЕСС на општина Куманово

Основачката спогодба на ЛЕСС Куманово е потпишана на 9 декември 2010 година. Овој ЛЕСС е формиран врз основа на иницијатива и со подршка на УСАИД преку Проектот за Деловно опкружување. Во рамките на подршката од УСАИД ЛЕСС Куманово го издаде прирачникот “Водич за локален социјален дијалог. Во ЛЕСС Куманово членуваат претставници на локалната власт, репрезентативната организација на работодавачи ОРМ и репрезентативните синдикати. Во последните неколку години ЛЕСС Куманово бил неактивен, но со започнување на проектот Зајакнување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, а го спроведува Меѓународната организација на трудот, советот повторно се реактивира. Имено, обновен е составот на ЛЕСС со нови членови со оглед на тоа што мандатот на претходните бил истечен. Па така во ЛЕСС Куманово членуваат Градоначалникот на општината, Претседателот на Советот на општината и претставник на општинската администрација како и претставници на репрезентативните синдикати и ОРМ, при што како претставници на ОРМ се вклучени компании кои се успешни и познати во локалната заедница.

Членството е така утврдено за да му се даде поголемо важност на ЛЕСС, но и за да може Градоначалникот и Советот на општината да бидат целосно запознаени и вклучени во работењето на ЛЕСС. Првата седница со новото членство била одржана на 30. 05. 2019 година. Со реактивирањето на ЛЕСС Куманово се проширува и неговиот состав односно во неговата работа се вклучуваат и Центарот за вработување на Куманово, како и Јавната установа Меѓуопштински центар за социјални работи – Куманово и претставници на невладиниот сектор. Новиот состав на ЛЕСС Куманово на својата седница одржана на 16.07.2019 година го усвоила својот Деловник за работа, со кој се регулира начинот на работење и одлучување на ЛЕСС Куманово. Во овие неколку месеци од реактивирањето на ЛЕСС Куманово реализирани се одредени хуманитарни активности и веќе се разгледуваат иницијативи предложени од ЛЕСС во однос на можноста за гасификација на индустриската зона Доброшане.

За таа цел формирана е комисија со претставници од локалната бизнис заедница. ЛЕСС Куманово е прилично активен и има доста амбициозни планови за понатаму. Една од активностите кои ЛЕСС Куманово го планира е изработка на своја Стратегија и годишен план за работа, со цел дефинирање на насоките и приоритетите на работење на ЛЕСС, но и следење и известување за неговото работење.

 

Анкета

Прашање за анкета

Новости

Календар на настани

<< Dec 2021 >>
MonTueWedThuFriSatSun
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2