ЛЕСС на општина Ресен

ЛЕСС Ресен е формиран на 28 јули 2015 година, како тело кое има консултативно-советодавна функција, и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера. ЛЕСС Ресен брои 12 члена, претставници на општината, ОРМ, ССМ, КСС, а во него партиципираат и претставници на Центарот за вработување на Општина Ресен, средното училиште во Општина Ресен, како и од невладините организации и здруженија на граѓани. Основањето на ЛЕСС Ресен, како и создавањето на технички услови за негово функционирање преку опремувањето на секретаријатот со потребен мебел, компјутерска опрема и библиотека биле поддржани од проектот Унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија, спроведуван од Меѓународната организација на трудот. ЛЕСС Ресен има свој Претседавач и секретар. Претседавач на ЛЕСС е секретарот на општината, а секретар на ЛЕСС е преставник од општинската администрација. ЛЕСС Ресен во текот на 2015 и 2016 година има реализирано активности и учествува со проектни активности финансирани од меѓународни донатори (МОТ и УСАИД). Членовите на ЛЕСС Ресен изработиле свој Акциски План за 2016 година во кој биле дефинирани целите и приоритетите.

Во 2019 година ЛЕСС Ресен повторно се активира со номинирање на нови членови. На седницата на ЛЕСС одржана во септември 2019 година било верификувано новото членство на ЛЕСС и дискутирани теми за начинот на понатамошното работење на ЛЕСС, при што била утврдена потребата од изработка на нов План за работа.

Општината Ресен, смета дека ЛЕСС- Ресен е многу битно и важно тело кое може да даде свој придонес кон олеснување на дефинирањето на стратешките цели и задачи како и подготовката на соодветни апликации за користење  на средства од ЕУ и други фондови во насока на унпредување на социо-економската состојба во општината.

Лесс на Општина Ресен има свои простории во Кино салата на Домот на Култура Драги Тозија.

Контакт: Плоштад Цар Самоил 20 , Општина Ресен со назнака за ЛЕСС – Општина Ресен

Tелeфон:  551 903, 072 217 690

E-mail:  tatjana.sekuloska@resen.gov.mk

Новости

Календар на настани

<< Jul 2022 >>
MonTueWedThuFriSatSun
27 28 29 30 1 2 3
4 5 6 7 8 9 10
11 12 13 14 15 16 17
18 19 20 21 22 23 24
25 26 27 28 29 30 31