ЛЕСС на општина Скопје
На ниво на град Скопје, ЛЕСС е формиран во декември 2013 година како заедничко советодавно и консултативно тело на градот, основано од градот, репрезентативната ОРМ и репрезентативните синдикати со вкупно 17 членови. Улогата на овој ЛЕСС е да ги следи состојбите и да ги разгледува прашањата кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината и дава свои мислења. Визијата на овој ЛЕСС е да стане главен партнер, иницијатор и двигател за унапредување на квалитетот на живеење на граѓаните на град Скопје, додека пак неговата мисија е да биде препознатлив субјект во социо-економскиот дијалог и креирањето на активните политики и мерки помеѓу сите заинтересирани страни на територијата на градот. Од формирањето па сè до 2017 година одржани се вкупно 9 седници на ЛЕСС Скопје. ЛЕСС Скопје во текот на 2016 година со подршка на Проектот на УСАИД ЈЕС Мрежа, ги има реализирано следните активности:
- Изработка на водич на инвеститори и негова промоција;
- Обуки за ИТ вештини. Во овие обуки биле учесници 15 млади невработени лица и истите се стекнале со ИТ вештинич;
- Учество на Панел дискусија за Законот за социјално претприемништво;
- Учество на средношколци во изработка на бизнис планови во рамки на проект „Обука на ментори на компании“.