ЛЕСС на општина Штип
На 01 август 2012г. Советот на Општина Штип донесе одлука за основање ЛЕСС;
На 08 февруари 2013г. потпишана е Спогодбата за основање на ЛЕСС на општина Штип, како заедничко советодавно и консултативно тело на општина Штип, основано од oпштина Штип, Организацијата на работодавачи на Македонија, Сојузот на синдикати на Македонија – Синдикална канцеларија Штип и Конфедерација на слободни синдикати на Македонија. Формиран e со поддршка од УСАИД проектот “Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување”–Мрежа ЈЕС;
Мисија – ЛЕСС е препознатливо професионално тело кое ќе придонесе кон подобрување на економско-социјалните услови во општина Штип.
Визија – ЛЕСС Штип – Европски профилиран центар во регионот со воспоставен социо-економски дијалог во кој младите ја препознават својата иднина.
Приоритетни области на работење на ЛЕСС на Општина Штип произлегуваат од функцијата и улогата на ЛЕСС согласно документите за негово формирање и се насочени кон воспоставување на економско социјален дијалог преку кој партнерите во ЛЕСС ќе можат да ги реализираат заедничките, но и свои индивидуални цели и програми. Во согласност со тоа, приоритетните област на ЛЕСС се следните:
- Економија, образование и социјални работи.
- ЛЕСС ги следи состојбите и разгледува прашања кои се однесуваат на подобрувањето на економско социјалната положба на работниците и работодавачите во општината и дава свои мислења и предлози.
- Од специфичен интерес на ЛЕСС се прашањата за вработување на младите и зајакнување на врските помеѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините што се развиваат кај младите преку образовниот систем, а посебно ги следи состојбите поврзани со животниот стандард и сиромаштијата, развивање и унапредување на колективното договарање, поттикнување мирното решавање на колективните работни спорови, подобрување на работните услови и заштита на работа и други прашања во согласност со актите на ЛЕСС. Целта на формирање на ЛЕСС на Општина Штип е воспоставување, поттикнување и развој на социјален дијалог помеѓу социјалните партнери и усогласување на нивните различни ставови и интереси на локално ниво.
- Континуирано одржување седници; Изработен Стратешки План 2013-2017г.(02 и 03 март 2013г.) кој излегува од печат во јули 2013г.;
- Работилница за јакнење на капацитетите (23 ноември 2013г.);
- Одржана јавна дискусија “Зелени работни места” (08 април 2014г.)
- Консултативна средба – Анализа на пазарот на труд во општина Штип (19 септември 2014г.).
- Понатаму, ЛЕСС на Општина Штип учествува во размена на мислења и информации за постигнување на согласност околу важни економско – социјални прашања од делокругот на локалната самоуправа (разгледување на клучни развојни документи на општината кои имаат влијание врз економско социјалниот развој на општината, вклучително и особено прашањето за подобрувањето на вештините за вработување кај младите.Во изминатиот период, ЛЕСС на Општина Штип придонесе во изработката и реализацијата на некои стратешки документи и акциони планови, организираше панел “Отворање зелени работни места”, реализираше Анализа на пазарот на труд, учествуваше во изработката на Локалниот акциски план за вработување, и организираше обука за млади невработени кадри под наслов: „Зголемување на вештините за вработување“.
- Успешно организиран Саем на кариера под наслов „ Биди мотивиран –успеј во сонот“ во соработка со Дом на млади Штип, Општина Штип и Проектот на УСАИД за стекнување вештини за вработување кај младите (Мрежа ЈЕС). Саемот беше од заедничка корист на сите, и на претставниците на општинската администрација, и на бизнис секторот, а најмногу на младите на кои останува нашата иднина, на оние кои го завршуваат своето средно гимназиско, медицинско или др. стручно образование, односно младите, кои во моментов бараат работа. Младите невработени ја проширија својата мрежа на професионални контакти и на лице место можеа да поставуваат прашања на присутните претставници од компаниите за кои се заинтересирани да добијат релевантен одговор од прва рака се со цел да добијат слика за начинот на пристап при аплицирање за вработување.