ЛЕСС на општина Струмица

Формиран е со поддршка на УСАИД проектот Мрежа ЈЕС – Младинска мрежа за стекнување вештини за вработување.

Презентација на Проектот Мрежа ЈЕС одржана во Оштина Струмица на 14 март 2011 година.
-Општина Струмица покажа интерес за вклучување во сите активности на проектот.

Изготвување на Спогодба за основање на ЛЕСС (август 2011г.)

Размена на искуства од веќе постоечки ЛЕСС (Добри практики од Хрватска и Куманово) – Тема на дискусија на Конференцијата за јавно – приватен дијалог (28-29 октомври 2011г.)
Одлука за формирање на ЛЕСС – Совет на Општина Струмица (01 септември 2011г.) и
измена на Одлуката (06 декември 2011г.)

Усвојување на Спогодба за основање на ЛЕСС

Потпишување на Спогодба за основање на ЛЕСС (22 декември 2011)

ЛЕСС има консултативна, советодавна функција и разгледува прашања и дава мислења, предлози и препораки до Советот на општината и други органи за одредени прашања од економската и социјална сфера, особено за прашања за вработувања на младите и зајакнување на суштинските врски меѓу потребите на пазарот на труд дефинирани од страна на деловните субјекти и вештините кои младите ги развиваат преку образовниот систем

ЛЕСС брои 9 члена (трипартитно).
– Општина Струмица – 3 члена (2 советника и 1 претставник од администрација).
– Организација на работодавачи (ОРМ) – 3 члена.
– Сојуз на синдикати на Македонија (ССМ) – 3 члена.

Во работата на ЛЕСС партиципираат:
– Агенција за вработување на Р.М. – 1 член.
– Сојуз – синдикат на земјоделски производители – 2 члена.
– Регионална занаетчиска комора -2 члена.
– Претставник од средните школи – 1 член.
– Претставник од Совет на млади – 1 член.

Работа на ЛЕСС е јавна, а седниците ги води Претседавач

Организациски и административно-технични работи за потребите на ЛЕСС ги обавува Секретарот на ЛЕСС, кого ЛЕСС го бира на 4 години. Oрганизацијата и начинот на работа на ЛЕСС е уреден со Деловник за работа кој е усвоен на седница на ЛЕСС

Визија – Општина Струмица со воспоставен ефикасен и ефективен економско социјален дијалог со цел подобрување на економската и социјалната положба на граѓаните.

Мисија – Да се засили дијалог помеѓу социјално економските партнери преку засилување на учеството на парнерите, придонесување кон политиките и стимулирање на акција.

  1. Промовирање на ЛЕСС како двигател на економско социјалниот дијалог
  2. Воспоставување и одржување на мрежа на соработници
  3. Јакнење на интерните капацитети на ЛЕСС Струмица

 

Новости

Календар на настани

<< Dec 2024 >>
MonTueWedThuFriSatSun
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5