ЛЕСС на општина Свети Николе

Во рамките на Проектот за унапредување на социјалниот дијалог, финансиран од Европската Унија (ЕУ), а спроведуван од Меѓународната организација на трудот (МОТ) ќе се основа локален Економско-социјален совет во Општина Свети Николе.

Крајната цел на проектот е подобрување на трипартитниот и бипартитниот социјален дијалог како начин за постигнување економски развој и социјален напредок.

Проектот има сеопфатен пристап и има за цел да обезбеди техничка поддршка на институциите и учесниците во процесот на социјален дијалог преку три меѓусебно поврзани компоненти:

  1. Зајакнување на социјалниот дијалог на национално и локално ниво;
  2. Поттикнување на колективното договарање и воспоставување инфраструктура за колективно договарање на ниво на сектор;
  3. Воспоставување механизам за мирно решавање на работните спорови.

Во рамки на првата компонента, проектот го поддржува основањето на шест локални економско-социјални совети (ЛЕСС), преку иницирање и поддршка на  преговори помеѓу општините, синдикатите и работодавачите, потпишување спогодба за основање на ЛЕСС и опремување на секретаријатите на  ЛЕСС со мебел и компјутерска опрема.

На 27 август 2015 г., четврток, ќе се потпишува спогодбата за основање на третиот локален економско-социјален совет во рамки на проектот, во Општина Свети Николе. ЛЕСС ќе има консултативно-советодавна функција, ќе разгледува прашања и ќе дава мислења, предлози и препораки до Советот на Општината и други органи за одредени прашања од економско-социјалната сфера. Потписници на спогодбата ќе бидат градоначалникот на Општина Свети Николе, г. Зоран Тасев, претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, г. Живко Митревски, претседателот на Организацијата на работодавачи на Македонија, г. Ангел Димитров и в.д. претседателот на Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, г. Благоја Ралповски. Во ЛЕСС Свети Николе ќе партиципираат и претставници од Центарот за вработување на Општина Свети Николе, средното училиште во Општина Свети Николе, Меѓународниот Славјански универзитет, Здружението на земјоделци од Свети Николе, Организацијата на жени – Свети Николе, како и од невладините организации и здруженија на граѓани.

Новости

Календар на настани

<< Sep 2024 >>
MonTueWedThuFriSatSun
26 27 28 29 30 31 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 1 2 3 4 5 6