ЛЕСС на општина Тетово

Локалниот Економско-социјален совет (ЛЕСС) на Општина Тетово е основан во 24.08.2012 г. Во овој период на функционирање ЛЕЕС-Тетово ги усвои своите основни документи како што се правилникот и стратешкиот план 2013-2017.

Во текот на овој период ЛЕСС-Тетово ја консолидираше својата работа и создаде добра платформа за унапредување на своите активности, кои вклучуваат една ефективна соработка помеѓу сите социјални чинители во градот.

Во оваа насока се организираа неколку активности што се поврзуваат со дефицитарните професии во пазарот на трудот, како што е обуката за заварувачите која се реализираше и со други партнери.

Во 2016 година ЛЕСС организираше голем настан за доделување награди за најуспешните компани за општествено одговорност.

Претседател на ЛЕСС-Тетово е Ахмед Ќазими. Со последните координации и активности, со големата соработка со локалните партнери, бизнис заедницата и другите социјални чинители,  и во склоп со стратешкиот план, ЛЕЕС-Тетово влегува во нова динамика на промовирање на своите стратешки цели, кои го унапредуваат социајлниот дијалог во општината и придонесуваат кон економски развој.

 

Новости

Календар на настани

<< Dec 2024 >>
MonTueWedThuFriSatSun
25 26 27 28 29 30 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5