Ресен
Општината Ресен се наоѓа во Преспанската Котлина, во југозападниот дел на Република Македонија и опфаќа површина од 739 км2. Преспанскиот регион се смета за еколошки ентитет од глобално значење бидејќи тука може да се сретнат разновидни биотопи – езера, планина и шуми кои имаат единствени, уникатни карактеристики.